ЛДП: Родовата еднаквост е човеково право

Од:

Либерално-демократската партија го честита меѓународниот ден на жената, 8-ми Март, со јасна порака и повик за ратификација на Истанбулската конвенција, како документ со најопфатни законски решенија и политики за заштита од насилство. Превенција преку постигнување родова еднаквост, заштита и поддршка на жртвите на насилство и интегрирани институционални политики се главните принципи на кои се темели Истанбулската конвенција.

„Голем дел од европските земји, вклучувајки ги и соседите Словенија, Србија, Босна, Црна Гора и Албанија веќе ја ратификуваа конвенцијата. Македонија ја има потпишано, но ја нема ратификувано.

Во оваа прилика, ЛДП повикува на ратификација на Истанбулската конвенција, како важен инструмент за постигнување на родова еднаквост.

Со родовата еднаквост не е засегната само жената, туку целото општество бидејки рамноправноста подразбира еднакви можности за сите, на начин квалитетот да биде реперот за успех.

Оттаму, сметаме дека борбата за функционално општество е борба за почитување на сите човекови права. Стремежот за квалитетен живот е подеднакво важен за сите, и не смее да биде дискриминиран по ниту една основа, најмалку по основа на родовата припадност“, рече претседателката на Форумот на жени на ЛДП, Јулиана Николова, по повод денешниот празник на жената, 8-ми март.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство