ЛДП: Првоаприлска шега е информацијата од општина Центар за нејзиниот подем?

Од:

Либерално – демократската партија прашува дали информацијата од општина Центар за тоа дека 2012 била година што ќе остане запаметена како година на подем и успеси во општината е првоаприлска шега, или пак погрешно пренесена вест.

За граѓаните, 2012 дефинитивно ќе остане запаметена по она што реално го видоа и почувствуваа:
– Дивеење на урбаната мафија
– Уривање на потпорен ѕид на објект на Водно, како последица на агресивните бизнис интереси
– Уништување на просторот за живеење
– Масакр на зелените површини
– Енормната загаденост на воздухот
– Безмилосно трошење на парите на граѓаните за небулозниот и мегаломански проект „Скопје 2014“.

Наместо за пералницата за пари „Скопје 2014“, локалната власт требаше парите да ги инвестира во нови училишта и градинки, во улици и велосипедски патеки, подигање на нови зелени површини, изградба и реконструкција на водоводна мрежа и атмосферска и фекална канализација.

Но, за ЛДП е особено алармантно што, според информацијата од општината и во новата 2013. милионски суми народни пари и понатаму ќе се трошат за споменици, барокни фасади и скапи огради на мостови.

Граѓаните многу добро знаат како централната и локалната власт се однесуваа кон општината Центар во изминатите 4 години, и тоа самоволие ќе знаат да го казнат на претстојните избори.

Би можело да ве интересира

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство

ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите