ЛДП: Правдата во Македонија има потреба од повеќе истраги, постапки за да покажат дека никој не е над законот

Од:

Амбасадорката на САД Анџела Агелер има искуство со Македонија и веројатно гледа дека правосудниот систем се уште не е променет и покрај бројните забелешки. ЛДП нема да дозволи неказнивост на поединци, политички и економски недопирливи моќници, кои се богателе на грбот на државата и граѓаните. Секоја одговорност мора да има име и презиме, вели претседателката на ЛДП Моника Зајкова.

– Борбата против корупцијата е во фокусот на меѓународната заедница, САД носи засилување, а тоа е најдобриот начин да ги надминеме незадоволството и разочарувањето, особено меѓу младите од селективната правда и нееднаквите можности за сите. Правдата во Македонија има потреба од повеќе објективни и ефикасни постапки кои ќе покажат дека никој не е над законот. Промени мора да има. Борбата против корупцијата треба да ја водат и граѓаните и институциите. – истакна Зајкова.

Како што додава Зајкова степенот на демократија во секоја држава е еднаков на способноста да овозможи доследно владеење на правото, што е врвна либерална, европска вредност. Криминалот и корупцијата ги поткопуваат државните темели, ги доведуваат во прашање демократијата и владеењето на правото, го загрозуваат квалитетот на секојдневниот живот. Иако знаеме дека борбата со корупцијата не е лесен процес, ЛДП ќе биде најгласниот протагонист во власта за ефикасно справување со корупцијата и стимул во обезбедувањето на стабилност и економски развој.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Некој не сака легализација на канабисот бидејќи профитот од црниот пазар завршува во нивни џебови

А1он

Зајкова од Брисел: Македонија има целосно право да се самозаштити со европски механизми, исто како што тоа го прави деновиве ЕУ

А1он

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

Зајкова: Реформи за Судски совет донесени на брза лента не градат доверба

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски