ЛДП: Политичките партии да ги тргнат канџите од ДИК

Од:

„Политичките партии, учесници во изборниот процес да престанат со вршење на притисоци врз работата на Државната изборна комисија. Неприфатливо е било какво мешање во работите на ДИК, дури ниту најмала интервенција врз процедурите на нејзиното одлучување.

Членовите на ДИК да не потклекнуваат на политичкото влијание и притисоците, а уште помалку, да не потклекнуваат на пресијата од повикот на одредени партии за протести пред нејзиното седиште, додека одлучуваат за крајните резултати од предвремените парламентарни избори. Ако фактичката состојба потврди дека треба да се прегласува во одредени изборни единици, тоа не смее да биде повод за деструктивно однесување на било која од политичките партии.

Либерално-демократската партија се залага за фер и демократски избори и однапред го осудуваме секој обид за било какво влијание врз одлуките на ДИК. Во оваа држава мора да се врати владеењето на правото и почитувањето на законите. Апелираме до сите засегнати страни да се воздржат од избрзани и непромислени постапки и да ги почитуваат основните принципи на демократијата и европските вредности“, соопштуваат од Либерално-демократската партија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини