ЛДП: Полицијата има историска шанаса да застане на страната на народот

Од:

„Либерално-демократската партија  и’ го честита денот на македонската полиција, 7-ми Мај. На полицијата и’ порачуваме дека  во овие турбуленти и тешки денови за македонската демократија има историска шанса да застане на страната на народот. Полицијата не смее да потклекне на закани и уцени и да биде во служна на режимот. Секој еден припадник на македонската полиција не може да биде изедначен со оние кои наместо професионалните, ги почитуваат политичките наредби на ВМРО-ДПМНЕ и ја “валкаат“ униформата.

Паралелната и партиска полиција е сериозна закана за безбедноста на македонските граѓани. Полицијата не смее да биде вовлечена во сценарија на болни умови. Оваа власт покажа дека не му мисли добро на својот народ, туку  единствено се грижи за своите позиции и заштита на нивните криминали“, велат од ЛДП.

„ЛДП повторно бара од Обвинителството на Р.Македонија да отвори истрага за командна одговорност, за пречекорување на овластувањата  и примена на прекумерна сила врз сопствениот народ. Случајот со убиството на Мартин Нешковски мора да биде расчистен до крај. Бараме одговорност и за пречекорувањето на овластувањата за сите оние припадници на полицијата кои пред само два дена брутално се однесуваа и тепаа студенти во читалната на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

Потенцираме дека мора да биде казнет секој оној кој ги пречекорил своите овластувања, се’ со цел да се тргне срамот од сите оние припадници на македонската полиција кои чесно и професионално ги извршуваат своите работни задачи“, пишува во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он