ЛДП: Поддршка за ратификување на Инстанбулската конвенција

Од:

„Проблемот со насилството врз жените и семејното насилство е голем општествен проблем. За Либерално-демократската партија, спречувањето и заштитата од различните форми на насилство врз жените е приоритетно прашање. Затоа, ја поддржуваме иницијативата на Националата мрежа против насилство врз жените и семејното насилство за Ратификација на Истанбулската конвенција како досега најсеопфатен документ кој го регулира овој проблем.

За таа цел, вчера се одржа работна средба на претставници од Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство, Елена Димушевска, Санела Шкриељ, Зурија Саит, Фросина Ивановска и претставници на ЛДП,  претседателот Горан Милевски, Никица Корубин, член на ИО и Јулиана Николова, претседател на Форумот на жени на ЛДП. На средбата беше презентирана предлог политиката за унапредување на превенцијата и заштитата од насилство врз жените и семејно насилство, како документ кој политичките партии можат да го преземат во своите програми. Истовремено, ЛДП се согласи да ја потпише Декларацијата на Националната мрежа, со што се обврзува за ратификација на Истанбулската конвенција и нејзино идно имплементирање.

ЛДП во континуитет е посветена на интернационализација на проблемот, при што даде придонес со говор на сесија во Обединтетите Нации, посветена на Истанбулската конвенција. Покрај досегашните активности со снимање на видео пораки и серија трибини, активностите на ЛДП на тема Истанбулска конвенција продолжуваат, со главна цел подигнување на свеста за проблемот со семејното насилство и насилството врз жените“, соопштуваат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он