(ВИДЕО) ЛДП: Парламентот се претвори во филијала на власта

Од:

Парламентот кој и според Уставот е највисок претствнички дом на граѓаните се претвори во филијала на власта. Овие денови сме сведоци, на демонстрација на моќ и грубо кршење на одредбите од деловникот од страна на парламентарното мнозинство, што пак, предизвика крајно тензична атмосфера во Собранието која се заканува да го доведе до целосна негова блокада, изјави Роза Т. Каревска од Либерално демократската партија.

– Нормално и разбирливо дебатата за Буџетот да предизвика бурни полемики во Парламентот. Но, видлива е нервозата кај власта, затоа што, како и досега, сака да троши повеќе пари отколку што може да собере, а што е уште позначајно сака тие пари да ги троши недомаќински заопремување на кабинетите, скапи возила, споменици, врби, огради на мостови, златни украси во театарот, како и за владини медиумски кампањи за нејзините наводни успеси – тврди Роза Т. Каревска.

Таа посочи дека опозициските партии обединети во Сојузот за иднината, имаат заеднички став дека од оваа ситуација веќе нема повлекување, нема враќање назад, нашата одлука е јасна – на овој диктаторски режим мора решително да се спротиставиме до крај.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу

Мишиќ: Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики

Јакимовски за викенд -акцијата „Здрави навики“: Заедно со граѓаните се грижиме за здравјето и градиме здрави животни навики

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови