ЛДП останува во Владата и дава поддршка на Ковачевски

Од:

Раководството на ЛДП, претседателот Горан Милевски, потпретседателите Моника Зајкова, Игор Велјановски и генералниот сектретар Боби Мојсоски, на денеска одржаната работна средба со раковoдството на СДСМ, односно со новиот претседател Димитар Ковачевски, генералниот секретар Љупчо Николовски и премиерот Зоран Заев ги договориле програмските политики важни за либералдемократите во делот на економијата, екологијата и изборните реформи.

– На средбата ги договоривме програмски политики кои се важни за ЛДП во делот на економија, екологија и изборните реформи. Усвоени се нашите барања кои ќе ги афирмираат нашите либерални политики, а тоа се: заокружување на процесот на децентрализација, отворање на Законот за локална самоуправа, воведување на моделот на една изборна единица, отворени листи за избор на советници, регулацијата на пазарот на криптовалути, измени во законите за градење и урбанистичко планирање со цел стопирање на урбаниот хаос во градските центри и ставање акцент на хуманото живеење и екологијата. Изградба на нова жичарница на Пелистер и развој на зимскиот туризам, стои во соопштението од ЛДП.

Од ЛДП воедно укажале дека не отстапуваат од заложбите на политиката на рамен данок и укинување на парафискалните давачки кои се неданочни обврски за граѓаните.

-Очекуваме тесна и успешна соработка и градење на политики во интерес на граѓаните во очекување на новиот мандатар на Владата, истакнаа по средбата од раководството на ЛДП, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Итно затварање на скопската Зоолошка градина и одговорност од надлежните

Собраниската Комисија за транспорт не го усвои амандманот на пратеничката Зајкова за преполовување на месечниот надомест на членовите на Комисијата на Агенцијата за пошти од 41.900 на 22.500 денари

ЛДП: Рисот како консензуално решение за новиот државен грб

Меѓународна канцеларија на ЛДП: Додик да се стави на црна листа во Македонија

Зајкова по преземањето на претседателството на ЛИБСЕЕН: Целосна и безусловна интеграција на Југоисточна Европа во ЕУ

А1он

ЛДП: Потребни се и санкции за оние кои ги злоупотребуваат службените возила за приватни цели

Горан Наумовски