ЛДП: Општина Гевгелија на работ на ликвидноста

Од:

„Советот на општина Гевгелија на 47-та седница, како прва точка од дневниот ред, го разгледува кварталниот извештај на буџетот на општината за период од 01.01.2016 година  до 31.03.2016 година.

ЛДП Гевгелија, согласно завршната сметка на Буџетот на општина Гевгелија за 2015 година, како и доставените податоци за првиот квартал од 2016 година, констатира дека ликвидноста на Буџетот на општина Гевгелија е сериозно нарушена и дека општина Гевгелија во наредниот период ќе има сериозни финансиски проблеми.

Имено, со приходи од само 9,3% од планираното со основниот буџет за 2016 година, односно 44.442.653,00 денари и со приближно исто ниво на расходи на основниот буџет за 2016 година, односно 43.848.044,00 денари, се поставува прашањето како ќе се сервисира, односно отплаќа долгот на општината од 48.151.825,00 денари за обврски само за кои се добиени фактури и ситуации, но не и за вкупните обврски. Трендовите покажуваат дека доколку и во вториот квартал од 2016 година општината успее двојно да ги зголеми приходите на основниот буџет, тоа нема да биде доволно и дека општината ќе ги зголеми своите обврски спрема буџетските корисници. Вториот проблем е структурата на долгот на општината, односно големината на „позитивното“ должење за рентабилни инвестиции како и големината на неподмирените тековни обврски од изминатиот период.

Градоначалнику Франгов, Вашето несоодветно трошење на буџетските средства, односно Вашето лошо инвестирање и неефикасна употреба на ресурсите и потенцијалите на општината, ја доведоа Гевгелија на работ на ликвидноста. Проверете само колку приход се остварува по единица на расход на вложените буџетски средства и ќе видите дека отсега па натаму ќе растат само доцнењето во подмирувањето на обврските , намалувањето на инвестициите, намалувањето на нивото и квалитетот на услугата кон граѓаните и компаниите. Тоа ќе биде трендот во општина Гевгелија во 2016-та година, за кој Вие сте најзаслужен.

Оттаму, ЛДП Гевгелија предлага веднаш да се консолидираат обврските на општината, да се преќине со ненаменското трошење на буџетските средства, односно многу поефикасно и подомаќински да се управува со истите, парите да се трошат рационално и да се инвестира во микро и мали капитални зафати, кои во најкраток временски рок ќе донесат позитивни ефекти. Советот на општина Гевгелија веднаш да отвори расправа за менување на системот на организирање на јавните установи и јавните претпријатија, со единствена цел, нивно рационално и ефикасно функционирање. Искрено се надеваме дека конечно општинската администрација ќе се надмине самата себе, и ќе стане многу потранспарентна и подемократска во споделувањето на информациите поврзани со трошењето на парите на граѓаните на општина Гевгелија“, рече советникот на ЛДП во Советот на општина Гевгелија, Тихомир Ручкоманов.

Би можело да ве интересира

Средба Зајкова – Кос: Македонија мора да биде подготвена како Исланд за членство, а ЕУ да биде искрена, брза и креативна во поддршката

Зајкова: Среќен и благословен Бајрам – исполнет со мир, хармонија и заедништво

Предраг Петровиќ

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Зајкова: Сеопфатен ветинг за државната служба и избраните и именувани лица од 1991 година до денеска

Предраг Петровиќ

ЛДП: Строги контроли не само во локалите, туку и во детските градинки, училиштата и други големи објекти

Аврамоска-Ѓореска: Не е само 8 март ден на жените

Горан Наумовски