ЛДП – Охрид: Прашањата на Блажески удираат во мета

Од:

ЛДП изразува жалење за нерсериозноста на раководните лица во општина Охрид кои на целосно некоректен начин, со серија навреди реагираa на поставеното прашање од страна на советникот од нашите редови Дејан Блажески, кое се однесуваше на тоа кој ќе гради кај Плаошник, обвинуваат од огранокот на ЛДП во Охрид.

Имено,плацот таксан за викендичка до лани беше обичен зелен појас, меѓутоа со промените на деталниот урбанистички план (ДУП) од јуни 2014 година мнозинството советници во Општината Охрид, предводени од ВМРО-ДПМНЕ, решија таму да се гради куќа.

Вистината полека излегува на виделина а и принципиелноста на ДПМНЕ, кои беа едни од најгласните пред изборите за претераната урбанизација. Повеќе од јасно е дека поставените прашања од советникот Блажески удираат во мета и покрај сите обиди за нивно релативизирање со соопштенија со малициозни содржини од страна на медиумските одработувачите и општинската служба за односи со јавност – стои во реакцијата на ЛДП.

Од друга страна, од ЛДП велат дека, во текстот кој излезе денес за електронскиот медиум Нова ,меѓу другото се вели: „на општинскиот сајт прво се објави вест во која го немаше името на фирмата што ќе ја гради хациендата, а веднаш по критиките на опозициските советници се појави името на „Инвест билдинг“.

Откако почнавме да трагаме кои се газдите на оваа фирма набризна, но и по серијата прашања од наша страна, за десетина дена се случија крупни промени во сопствеништвoто на „Инвест билдинг“ што дополнително не заинтригира кој всушност ќе гради – велат од партијата.
Од ЛДП изразуваат благодарност до локалните медиуми кои ја подржуваат граѓанската битка и кои ревносно го чуваат достоинството на професијата, истовремено ги повикуваме да продолжат да третираат теми кои се круцијално значење за градот.

ЛДП повторно го прашува градоначалникот дали арсеналот навреди од страна на службите кон нашиот советникот за поставеното прашање беше само со цел да се замаскираат некои работи и дали ќуќата која ќе се гради пред дворот на Канео е од лица блиски до владејачката партија? – прашаа од ЛДП.

Би можело да ве интересира

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски