ЛДП Охрид: Ова е време за работа а не за жалење

Од:

ЛДП е сериозно загрижена за бавното преземање на работите кои се однесуваат на развој на туризмот во Охрид затоа што летната сезона е на прагот.

Држејќи до ветувањето дека нема да имаме неконструктивни реакции во првите сто денови, велат од ЛДП, што и го докажуваме и покрај огромниот број пропусти кои ги лоцираме, што е и наша задача, никако не можеме да премолчиме нешто што се однесува најпрофитабилната гранка од која условно кажано живее градот.

„Одговорниот на ТЛЕР со својата изјава докажа дека рекламниот материјал за промоција не е подготвен. Почитуваниот треба да биде свесен дека добрата идеја е исто како и големо промашување, кога не е на време реализирана. Сите идејни проекти кои ги најавува и за кои се сложуваме дека така треба да одат, се огромно задоцнување и затоа во вакави услови треба да се бараат побрзи решенија“, стои во реакцијата на ОО ЛДП, Охрид.

ЛДП бара веднаш да се даде приоритет на материјалите за промоција на Охрид како туристичка дестинација.

ЛДП бара од задолжените кои работа на оваа проблематика да не одговараат на ова соопштение со изговор од типот дека некој претходно лошо сработел затоа што, велат, повеќе од очигледно е дека народот ја казна таквата политика .

„Како партија поседуваме кредибилитет да реагираме на ваквото однесување ако се има предвид дека на истиот начин сме се однесувале и со претходната раководна структура.ЛДП дава целосна поддршка на се она што е од добробит на градот, потенцираќи дека ова треба да е време за работа а не за жалење и барање виновници“, велат од ЛДП Охрид.

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он