ЛДП: Одлуката за Охридското езеро е бесмислена

Од:

За ЛДП е премногу рано издавањето на Охридското езеро под концесија во период од 6 години. Од таму велат дека ваквата одлука била избрзана и бесмислена. Од ЛДП проговорија и за условите во кои работат подрачните одделениа на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Охрид и Струга.

Сакаме да ја информираме јавноста дека во Охрид и Струга , во подрачните единици на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство работаат само 5 инспектори.

Подрачното министерство, не поседуваа никакво средство за превоз на вода, а тоа е основно средство за работа. Иронијата да биде поголема, без основното средство за работа, истите запленаа околу 2000 мрежи, кои на драматичен начин ги запали министерот, а беа напишани само неколку пријави, рече претседателот на општинската ЛДП во Охрид Дејан Блажески. Од ЛДП порачаа Владата на Република Македонија да формира Агенција за управување со рибниот фонд во езерата во Република Македонија.

 

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство