ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите

Од:

По иницијативата за намалување на банкарските трошоци, уште еден предлог на Либерално-демократската партија (ЛДП) добива реализација, службените возила добиваат посебни регистарски таблички.

„Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, потврди дека сите институции ќе мора да ги заменат табличките до крајот на годината. Првичниот рок од 15 септември е продолжен до 29 септември, а како конечен датум се споменува 31 декември, кога Министерството за внатрешни работи треба да го финализира регистарот на возилата.

Новите црвени таблички со жолти ознаки ќе важат за сите возила во државна сопственост, а жолтите со црвени ознаки за специјални намени. Иако правилникот не предвидува казни за институциите што ќе доцнат, новите ознаки ќе станат задолжителни при првата регистрација. Според проценките, државата располага со околу 7.500 службени возила, но точната бројка ќе биде позната по изработката на регистарот.

За ЛДП, оваа мерка е јасна порака дека јавните ресурси не се лична привилегија на малкумина. Ова е петти наш предлог прифатен од државните претставници во изминатата година, по иницијативите за референдум за отповикување градоначалници, толкувањето на заклучоците од ЕУ и одложеното дејство на уставните измени, намалувањето на банкарските провизии и зголемените инвестиции во домашната одбранбена индустрија. Апелираме институциите навремено да ја завршат постапката и да ги заменат регистарските таблички во законскиот рок. Само така, со транспарентно работење и институционална дисциплина можеме да ги спречиме злоупотребите во иднина и повторно да ја вратиме довербата на граѓаните во институциите“, се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он