ЛДП: Новиот договор за пониски цени во роаминг уште повеќе ќе нè поврзе со Европа

Од:

Либерално-демократската партија останува доследна на својата заложба истакната во нашата резолуција, која АЛДЕ ја усвои викендов на Советот во Братислава. Со оваа резолуција бараме целосно укинување на роамингот час поскоро, односно започнувајќи од јануари 2023 година, со што нашите граѓани ќе ги уживаат истите бенефити како граѓаните од ЕУ, вели претседателката на ЛДП Моника Зајкова.

– Бесплатната роаминг зона ќе ја подобри мобилноста, соработката, регионалниот развој, интеграцијата за речиси 18 милиони граѓани и претставува „отскочна штица“ во дигиталната трансформација на регионот, истакнува претседателката на ЛДП, Зајкова.

Таа додаде дека ова е значаен чекор на Западен Балкан во усогласувањето со принципите и практиките на единствениот дигитален пазар на ЕУ.

– Го поздравуваме денешниот договор за пониски цени во роаминг потпишан меѓу земјите од Западен Балкан и земјите од ЕУ, што е уште една силна потврда дека ЕУ не е целосна без регионот. Со овој договор, од денес го зголемуваме степенот на поврзаност со земјите од ЕУ и истиот е голема придобивка за граѓаните, која директно ќе се одрази врз нивните секојдневни животи, вели Зајкова.

Од ЛДП упатуваат отворена понуда до Владата, заеднички да работат и лобираат заедно во Европската Унија и со нивните европски партнери, за доброто на граѓаните, бизнисите и нивниот буџет.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аврамовски: ЛДП утре во Собранието повторно ќе го поднесе предлог законот за отворени листи и една изборна единица

Горан Наумовски

ЛДП бара една изборна единица и отворени листи

Горан Наумовски

ЛДП со поддршка за измените на Изборниот законик и заштита на правото на кандидирање на независни листи

ЛДП ќе бара итна средба со премиерот за јасна стратегија и поддршка во евроинтеграциите

А1он

ЛиДеМ: Една генерација зборува, друга страда – ќе слушнеме ли конечно?

Предраг Петровиќ

ЛДП: Алармантна е состојбата во Градскиот парк

Катерина Ѓуровски