ЛДП: Никој нема право да им забрани на младите да критикуваат и маршираат

Од:

ЛДП излезе со соопштение по повод Меѓународниот ден на човековите права и правото на студентите и учениците да протестираат.

Еве што стои во соопштението:

Денеска е 10. Декември, меѓународен ден на човековите права. Слоганот за оваа, 2014-та гласи: Почитување на човековите права 365 денови во годината!

Текстот на Универзалната декларација за човекови права е најпреведуваниот документ во светот, по Библијата. Ова е првиот документ во кој на глобално ниво се изразени правата на кои природно, сите човечки суштества имаат право.

Тие се обдарени со разум и совест,и треба да се однесуваат еден кон друг во духот на општо човечката припадност.“

Либерално-демократската партија, согласно своите вредносни традиции и принципи смета дека и Република Македонија, како и нејзините политички субјекти и институции, се должни да ги почитуваат човековите права на сите граѓани на Република Македонија, независно од нивната етничка, политичка, старосна, културна, верска, полова, сексуална вокација и ориентација. Државата е таа која треба да ги овозможи сите предуслови граѓаните да се чуствуваат рамноправни.

Сите граѓани, мажи и жени, млади и стари, оние кои се жртви на непочитувањето на нивните основни права, или се сведоци на погазување на истите кон други индивидуи, имаат право на гласност и транспарентност, јасно и бескомпромисно да ги искажуваат нивните идеи и мисли, нивните ставови и да го информираат јавното мислење.

На секоја демократија и се потребни критички настроени и креативно кадри, за да се одбранат од манипулациите на секој демагог, популист и било каков друг авторитет.

ЛДП го подржува автономното и критичкото мислење на младите, како најдобар гарант за демократската иднина на Република Македонија. Никој нема право да им забрани на младите да критикуваат, бараат, негодуваат, протестираат и маршираат.

Би можело да ве интересира

Зајкова: За 20 години требаше да имаме 80 отсто усогласеност на законодавството со ЕУ

Зајкова: ЛДП ќе продолжи да се бори за носење на законски решенија кои вистински ги решаваат проблемите на граѓаните

Студентите со апел до Владата и до МОН да го продолжат бесплатниот превоз за студентите

Горан Наумовски

ЛДП: Забрана на Тик-Ток за малолетници и регулирање на работата на другите социјални мрежи

Студентски отпор: Ако не се врати бесплатниот превоз веднаш, студентите ќе излезат на улиците

Горан Наумовски

ЈСП не им ги продолжува картите за бесплатен превоз на студентите

Катерина Ѓуровски