А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ЛДП: Нема лекови на рецепт за граѓаните – банкрот на фондот или манипулација на власта?

by А1он22/03/2016 - 13:1922/03/2016 - 13:20122
Share0

„На десет дена пред крајот на месецот, веќе никаде во аптеките не може да се најдат лекови на рецепт. Граѓаните се принудени да ја купуваат својата терапија приватно по цена која е седумкратно поголема од онаа со рецепт и субвенционирана од фондот. Оваа скандалозна ситуација е резултат на намалената квота на аптеките за 10 проценти за лековите кои одат на рецепт.

Следете a1on на Instagram Instagram

ЛДП прашува зошто е намалена квотата за лекови на рецепт на Фондот за здравство за овој месец? Дали фондот е пред банкрот, па е принуден да ја намалува квотата и да го префрли товарот директно на граѓаните? Дали одговорните во фондот се свесни дека има граѓани кои нема да можат да си дозволат потребниот лек да го купат приватно? Затоа, го повикуваме директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Стефаноски јавно да се изјасни за причините за настанатата ситуација и до кога таа ќе трае.

Ниту една институција не е сопственост на партијата која е на власт, а сите одлуки кои ги носат повлекуваат последици за сите граѓани. Со тоа што овие последици може да бидат трагични за оние кои не може да го чекаат следниот месец поради неспособноста за менаџирање со институциите или уште пострашно со манипулација со истите“, се вели во соопштението на ЛДП.

ldp

Би можело да ве интересира

ЛДП до премиерот: Доста е со манипулации и глумење фрапираност од судството – изменете го Кривичниот законик веднаш

А1он12/11/2026 - 16:4512/11/2026 - 16:34

ЛДП: За два дена над 10.000 потписи против институционалната слепост за насилството врз жените!

А1он09/11/2026 - 17:38

ЛДП бара електронски алки за следење на насилниците, Зајкова повика на потпишување петиција

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 10:5508/11/2026 - 10:55

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Катерина Ѓуровски13/10/2026 - 09:19

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 11:22

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ03/10/2026 - 09:1603/10/2026 - 09:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео