ЛДП: Недозволив е секој обид за кочење и минирање на Договорот од Пржино

Од:

„Исполнувањето на сите точки од Договорот од Пржино е ултимативен приоритет за државата во моментов. Недозволив, несериозен и тенденциозен е секој обид за негово кочење, минирање и одолговлекување.

Со денови траат преговорите за изборниот процес, кои наместо да бидат суштински и да овозможат, во многу краткиот период што е на располагање, да се обезбедат коректни услови за организирање на парламентарните изборите што треба да се случат во април следната година, се претвораат во инфантилни постапки на постојано одлагање кое секако ќе резултира со договор и по ова прашање.

Затоа, сметаме дека е потребно итно завршување на делот за изборниот процес, за да се отпочне веднаш со имплементација на истиот и да се прејде на следната фаза од преговорите.

По истата матрица како што се одолговлекува овој процес, се одолговлекува и почетокот на функционирањето на Специјалниот Јавен Обвинител, преку одбивањето да се одобри доставениот план за работа, како и предложениот тим. Исто како и за изборниот процес, функционирањето на Специјален Јавен Обвнител е дел од Договорот кој мора да се испочитува во целост и затоа под итно треба да се одобри планот за работа, потребните средства и инфраструктура и тимот кој е предложен од страна на Советот на Јавни Обвинители.

Сериозноста на ситуацијата налага цивилизирано и зрело однесување, кое без разлика ,колку и да е во спротивност со навиките и капацитетот на власта, таа треба да знае дека со или без задоцнување, Договорот ќе биде целосно реализиран. Немоќта на власта може да биде купена со ден повеќе, но процесот не може да биде запрен“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Прифатен уште еден наш предлог, до15 септември таблички во различна боја за државните службени возила

Граѓаните победија: Банкарските такси паѓаат под притисок на ЛДП, но тука нема да запреме, продолжува борбата против неправедните провизии

А1он

Зајкова: Ако некој пратеник мисли дека банките му се поважни од народот, нека излезе и нека каже: „Гласав за банките, а не за народот”

Горан Наумовски

Груевски: НБРМ ја слушна ЛДП и ги намали трошоците на банките, на ред се банките да ги намалат трошоците кон граѓаните

Форумот на жени на ЛДП најостро го осудува нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска

ЛИБСЕЕН го поздравува усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент за Македонија и ја осудува дебатата за идентитетот

А1он