ЛДП: Не’ загрижува „опстанокот“ на СЈО и реформите во медиумите

Од:

Либерално-демократската партија е загрижена од недореченостите и нелогичностите во новиот договор што вчера го постигнаа преговарачите на четирите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино.

Особено не загрижува делот за функционирањето или “опстанокот“ на СЈО и реформите во медиумите.

Изненадува фактот што со договорот не е предвидено формирање на специјално одделение во рамките на Кривичниот суд, со цел да овозможи непречена работа на СЈО. Евентуалното укинување на СЈО и повторното формирање отвора можност и за кадровски промени.

Сметаме дека суштината на овој Договор мора да биде владењето на првото, процесуирање на сите предмети што СЈО ги отвори во изминатите месеци, судска завршница, односно одговорност за сите оние политичари што ги прекршиле законите и работеле на штета на граѓаните на Република Македонија.

За нас се нелогични и решенијата за регулација на медиумите, особено делот каде се посочува дека “четирите партии се обврзуваат да спроведат медиумска легислатива согласно итните реформски приоритети и Извештајот на Прибе во рок од шест месеци по изборите“.

ЛДП континуирано инсистира на споведување на препораките од Извештајот на Прибе, сега, а не по изборите, кога и да се одржат тие.

Регулацијата на медиумите не трпи веќе ад хок решенија, туку системски промени, кои нема да подлежат на манипулацијата на било која власт или политичка партија.

Во еден ваков моментум, повторно повикуваме на создавање на широк опозициски фронт од сите демократски сили, без разлика на нивната политичка, идеолошка или верска определба.

Македонија мора да добие одговорна влада на кредибилни избори. Со тоа конечно ќе се затвори едно темно поглавје од поновата македонска историја, посочуваат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство