ЛДП: ММФ не освестува-јавниот долг на Македонија е фрапантни 4 милијарди евра

Од:

Три милијарди 584 милиони евра или 44,8 отсто од бруто домашниот производ. Ова е висината на јавниот долг на Македонија, објавен не од „опозициски“ експери или новинари, туку од Меѓународниот монетарен фонд. Она што сериозно загрижува и треба, конечно, да го запали црвеното светло кај Владата е дека долгот се искачува на фантастични 51 отсто од БДП, или над 4 милијарди евра ако се додаде и најновото задолжување на Владата од половина милјарда евра преку евро-обврзницата.

По повеќегодишна потрага околу вистинската состојба, овие бројки јавноста ги дозна од ММФ, и се потврди она на што ЛДП со години реагира: дека државата се презадолжува за да обезбеди пари за пропаганда и погубни проекти преку кои поединци од власта станаа мулти-милионери. ЛДП повторно укажува дека задолжувањата ќе ни ја упропастат иднината. Сведоци бевме дека Владата само го купува социјалниот мир и ги злоупотребува гласовите на граѓаните.

Субвенциите за земјоделците,покачувањата на пензиите, исплатите на социјалната помош секогаш се случуваа пред избори. По нивното завршување, веднаш се измислуваа секакви поскапувања, а преку ДДВ–то и останатите одданочувања власта веднаш си ги прибираше парите кои ги даваше за изборен поткуп. Ниту провладините медиуми не можат повеќе да го сокриваат фактот дека голем дел од населението во Македонија нема ниту за леб.

Просечната плата е 333 евра а едно семејство живее со најниска проесечна потрошувачка кошничка од 13.486 ден или околу 220 евра, за разлика од Србија каде изнесува 557 евра или Хрватска 908 евра. ЛДП му порачува на премиерот Груевски да ги земе предвид сите овие показатели и укажувања на малкуте независни експерти, да престане да се расфрла со пари и да ја задолжува државата. Господине Груевски, со секој изминат ден на вашето владее се влошува економската, социјалната и политичката криза во РМ. Поради Вас, Македонија станува земја на старци и млади печалбари!

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зајкова: Одбрана, дигитализација и брзо проширување за целосна интеграција на Западен Балкан

Половина милијарда евра повеќе од буџетот за одбрана да ги инвестираме во домашно производство – министерот Муцунски на линија со позициите на ЛДП, велат од партијата

Гувернерот на страната на ЛДП, на ред банките и Собранието

Зајкова: Единствена позиција за претстојниот НАТО самит и изработка на стратегија за инвестирање во домашната одбранбена индустрија

(ВИДЕО) Аврамовски: ЛДП утре во Собранието повторно ќе го поднесе предлог законот за отворени листи и една изборна единица

Горан Наумовски

ЛДП бара една изборна единица и отворени листи

Горан Наумовски