ЛДП: Македонија со ВМРО-ДПМНЕ e како Аушвиц за мигрантите

Од:

Македонија повторно доживува голем срам како држава на меѓународно ниво, сега како земја со најлош третман кон бегалците од Сирија.

Со овој случај уште еднаш се увиде дека со Македонија, за време на владеењето на Никола Груевски, владеат криминалните банди кои се инфилтрирани во сите пори на општеството.

Требаше новинари од странство да ни укажат дека во државата под водство на Никола Груевски, пардон Али Баба и неговите четириесет разбојници се малтретирале недолжни цивили, претворајќи се во Аушвиц на Балканот за мигрантите.

Застрашувачко е што според изјавите на бегалците, и припадници на МВР учествувале во овие криминални дејствија со што се валка името на македонска полиција.

Дали имаме контрола и информации што се случува во државата?
Наместо со опозицијата, власта во заминување треба да се занимава со чување на безбедноста на сите граѓани кои времено или постојано се наоѓаат на нејзина територија.

На новиот министер за внатрешни работи, Чавков, му порачуваме, наместо да се занимава со гледање на снимки од протестите и „Кампот на слободата“, своето време да го посвети на расчистување на криминалните структури која ја контролираат Македонија.

Либерално-демократската партија бара под итно МВР да преземе мерки против сите криминални банди кои на било кој начин ги загрозиле животите на мигрантите.

Веруваме дека врхушката на власт лесно ќе ги лоцира сите оние кои се изживувале со мигрантите и дебело профитирале на нивните животни судбини.

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он