ЛДП: Македонија пред клучен прогрес, позитивни најави од Брисел

Од:

Претседателот на Либерално-демократската партија Горан Милевски во Брисел денес разговараше со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, само на неколку дена пред објавата на Извештајот на Европската Унија за напредокот на Република Македонија во процесот за пристапување кон Европската Унија.

“Имавме користен и добар разговор со комесарот Хан. Ја потврдив определбата на ЛДП и на Владата дека на време ќе ги донесеме реформските закони клучни за добивање на чиста препорака од Европската Комисија за почеток на пристапни преговори за членство на нашата земја во Европската Унија. Сите наши напори ќе бидат насочени тие закони да бидат не само усвоени туку и доследно спроведени, затоа што на нашите граѓани не им требаат закони и препораки, туку заштита на нивните права, подобрување на нивниот стандард и држава која работи во нивен интерес. За тоа во Македонија мора да има консензус,” изјави претседателот на ЛДП по разговорот.

Комесарот Хан изрази задоволство од новостите што ги добива од Македонија во последните месеци и денови. Тој изрази оптимизам дека Македонија ќе успее да ги надмине предизвиците и дека нема да ја пропушти шансата која и се пружа за да ги започне преговорите за членство во ЕУ. Комесарот потсети на стратегијата на ЕУ за проширување со земјите од западен Балкан, истакнувајќи дека иако Македонија не во моментот најнапредна во своите евроинтеграции таа сепак би можела да избие на чело на процесот ако го задржи темпото на реформи од изминатите месеци.

Средбата на претседателот на ЛДП со комесарот Хан се оствари во рамките на конференцијата за Западен Балкан организирана од групата на Европските Либерални-демократи во Европскиот Парламент (АЛДЕ група), на која меѓу другите говореа европратенците Ханс ван Бален, претседател на групата на Пријатели на Македонија во Европарламентот и Иво Вајгл, известувачот за Република Македонија во Европскиот Парламент.

Би можело да ве интересира

Мишиќ: Итни и конкретни чекори за безбедни улици сега, не утре

А1он

Јакимовски: Итно затварање на скопската Зоолошка градина и одговорност од надлежните

Собраниската Комисија за транспорт не го усвои амандманот на пратеничката Зајкова за преполовување на месечниот надомест на членовите на Комисијата на Агенцијата за пошти од 41.900 на 22.500 денари

ЛДП: Рисот како консензуално решение за новиот државен грб

Меѓународна канцеларија на ЛДП: Додик да се стави на црна листа во Македонија

Зајкова по преземањето на претседателството на ЛИБСЕЕН: Целосна и безусловна интеграција на Југоисточна Европа во ЕУ

А1он