ЛДП: Македонија нема алтернатива за Европската Унија

Од:

„Денес се навршуваат 60 години од потпишување на Римските спогодби, со кои освен Европската зедница за јаглен и челик и Евроатом, се основа и Европската економска заедница, која подоцна се трансформира во Европска унија. И покрај бројните предизвици во овој период, Унијата изразна во силна економска и политичка заедница на околу 520 милиони граѓани, во која основни вредности се почитувањето на човековите права и слободи, демократијата, градењето на мир и стабилност. Една од најзначајните економски практики на ЕУ е и заедничкиот европски пазар, каде што владее слобода на делување на граѓаните, на стоките, на услугите и на капиталот. ЕУ во овој шеесетгодишен период одигра значајна улога во градењето и одржувањето на на мирот и стабилноста во Европа.

По добивањето на кандидатскиот статус во 2005та година, кога последен пат имавме демократска влада, по доаѓањето на ВМРО ДМПНЕ на власт, нашата држава е заробена во кандидатски статус веќе 11 години. Владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно ги закочи реформските процеси и интеграциските патишта кон ЕУ затоа што не и одговараше развој на демократските процеси и ограничувањето на самоволното и деспостското владеење.

Денес, 60 години од заклучувањето на Римските спогодби, Либерално-демократската партија укажува дека за Македонија не постои друга алтернатива освен Европската унија. Државата и сите субјекти имаат за надоместување на огромен заостаток и многу работа за интезивно приклучување кон ЕУ.

Новата реформска влада која наскоро ќе биде формирана, во која ќе учествува и ЛДП, ќе вложи сериозни и одлучни напори за приклучување на државата во ЕУ, за и нашите граѓани непосредно ги уживаат бројните бенефити и вредности на Европската унија“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство