ЛДП: Лицето М. Неделковски е персонификација на режимски новинар

Од:

ЛДП се огласи со соопштение за колумната на Миленко Неделковски, која предизвика бура реакции во јавнosта, а споменатите поднесоа и пријава лично до Јавниот обвинител.

Еве што стои во соопштението на ЛДП: Колумната под наслов “Сечење на чиревите”, која се појави на порталот во сопственост на лицето Миленко Неделковски, претставува врв на популистичкиот анимозитет и подбуцнување на јавното мислење, каде авторот, преку говорот на омраза, навредува повеќе македонски новинари и семејства на политичари од опозицијата и повикува на нивен линч.

Ова не е прв пат овој човек, што се нарекува себеси новинар, да ги навредува граѓаните и новинарите кои мислат поинаку од неговата партиска определба и да повикува на нивно институционално или вонинституционално казнување. Истакнатата листа на неподобни лица, наведени во текстот на Неделковски, е преседан кој асоцира на авторитарните и диктаторските режими, бележење на политички неподобните, метафорично ставање на жолти траки како отпадници на системот кои не смеат да имаат пристап кон ниту една институција и кои треба да бидат каменувани и линчувани од страна на прочистената раса Македонци.

Во срамниот текст на Неделковски се споменати потпредседателот на ЛДП, г-дин Нано Ружин, и неговото семејство, кои се исто така наши активни членови во форумите на партијата. Во повеќепартиските системи, разбирливо е опозицијата, новинарите и невладиниот сектор да се појават како контролори на власта и одржувањето на балансот на политичкиот систем. Неделковски со својот дрзок говор на омраза, навреди и иницирање на линч до загрозувањето на животот на граѓаните и новинарите и нивните семејства кои ги споменува именично, заслужува реакција на Јавниот обвинител, согласно одредбите на Кривичниот законик на РМ, како и на неговата политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, чиј претседател и кандидатот за функцијата претседател на државата се чести гости во неговите ТВ-емисии.

ЛДП сака да ја искаже солидарноста со сите именувани новинари и граѓани на листата на Неделковски и воедно да потенцира дека е тоа уште еден пример на политички пристисок на власта врз граѓанските права и врз новинарите. Лицето М. Неделковски е персонификација на режимските новинари, кои во својата омраза и заслепеност го нарушуваат моралниот кредибилитет на македонското новинарство. Тој со своите постапки и текстови го разобличува и вистинското авторитарно демагошко лице на владеачката ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство