ЛДП: Лицемерно е Владата да се фали со 100 денари за сиромашните

Од:

„Лицемерно е една Влада која троши милиони евра за споменици, врби и огради на мостови да се фали со сто денари месечно за најранливата категорија на граѓани, а уште повеќе да ги вбројува во антикризна мерка“, рече на прес конференција, членот на Централен одбор на ЛДП, Дејан Блажески.

„Со антикризните мерки кои се однесуваат на социјално загрозената категорија на граѓани, Владата, ќе им ја зголемела помошта за цели сто денари месечно.Самиот министер истакна дека до сега ваква помош во Македонија користеле околу дваесет илјади семејства, што значи со оваа мерка од буџетот ќе се издвојиваат околу 30 000 евра месечно или околу 350 000 евра годишно, отприлика колку што чинат трите врби на Коце Трајановски“, велат од ЛДП.

Опозициската ЛДП укажа и дека во изминативе 6 години Владата наместо да инвестира во изградба на енергетски капацитети, како што ветил Никола Груевски во 2006 година, парите на граѓаните безмилосно ги троши за купување на струја.

За овие години, велат, преку увозот на електрична енергија , преку фирми блиски до ВМРО-ДПМНЕ испумпани се 1,2 милијарди долари, пари кои се доволни за изградба на една термоелектрана која би го имала капацитетот за производство на електрична енергија на РЕК Битола.

Според ЛДП, како резултат на погрешната политика на Владата во енергетскиот сектор од 2006 година па до денес имаме и драстично покачување на производните цени на електричната енергија.

ЛДП го повикува Никола Груевски да престане да ја замајува јавноста со евтини популистички мерки кои нема да дадат никакви резултати и нема да го подобрат животот на граѓаните, кои од ден на ден тонат во се поголема сиромаштија, туку да превземе суштински мерки за решавање на очајната економска состојба во државата.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство