ЛП: Либерализација на ТВ етерот

Од:

Тргнувајќи од либералните политики за слобода на говорот како и начелото за немешање на државата во бизнисот, Комисијата за транспорт и комуникации при Либералната партија реагира на последните случувања во радио-дифузната дејност, велат од Либералната партија.

Комисијата смета дека на секој ТВ субјект кој има финансии, желба
и кадровска екипираност да истрча на медиумскиот пазар, треба да му биде
овозможено тоа. Притоа единствените критериуми кои треба и мора да ги исполни и за
кои треба да постои контрола и одобрение од државата, се техничките критериуми во
однос на стандардот и квалитетот на сигналот кој ќе се емитува. Содржините и самата
концепцијата на медиумот ги дефинира сопственикот, односно уредувачкиот колегиум,
во согласност со сопствените пазарни анализи и визии.

Сегашната методологијата за доделување национални ТВ концесии на медиумите е
прилично рестриктивна и непазарна и остава простор за манипулации. Барањето
приватните национални телевизии да емитуваат соодветен пакет содржини (образовни,
забавни, детски), со точно времетраење на месечно, односно годишно ниво е мешање
во уредувачката и бизнис политиката на медиумот. Таквата обврска треба и мора да
важи само Националниот сервис МРТВ кој е финансиран од државата и граѓаните.
„Приватните медиуми се приватни компании кои својата програмска понуда ја
дефинираат врз основа на понудата и побарувачката на пазарот.“ – изјави Александар
Левески, претседател на Комисијата за транспорт и комуникации. „Државата не смее да
врши селекција за тоа кој медиум ќе има поголема или помала гледаност, односно кој
медиум ќе опстане, а кој нема.“

Според Комисијата, на секој заинтересиран инвеститор треба да му биде овозможено
да инвестира во бизнисот за кој смета дека може да биде профитабилен, вклучувајќи го
и телевизискиот бизнис. Притоа на таквиот инвеститор треба да му биде овозможено да
емитува програма за која смета дека ќе биде гледана. На крајот на краиштата
сопственичкиот капитал ќе си ги плати евентуалните погрешни проценки во
инвестирањето.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Прифатен уште еден наш предлог, до15 септември таблички во различна боја за државните службени возила

Граѓаните победија: Банкарските такси паѓаат под притисок на ЛДП, но тука нема да запреме, продолжува борбата против неправедните провизии

А1он

Зајкова: Ако некој пратеник мисли дека банките му се поважни од народот, нека излезе и нека каже: „Гласав за банките, а не за народот”

Горан Наумовски

Груевски: НБРМ ја слушна ЛДП и ги намали трошоците на банките, на ред се банките да ги намалат трошоците кон граѓаните

Форумот на жени на ЛДП најостро го осудува нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска

ЛИБСЕЕН го поздравува усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент за Македонија и ја осудува дебатата за идентитетот

А1он