ЛДП Куманово:Скандалозно, кумановчани со по две сметки за радиодифузна такса

Од:

Од општинската организација на ЛПД тврдат дека сметки за радиодифузна такса стигнуваат не само на име на таксените обврзници, туку и за останатите членови на домаќинствата.

Така во поштенските сандачиња, за едно домаќинство граѓаните на Куманово добиваат две сметки за радиодифузна такса. Доколку сакате да поднесете жалба на ваквата одлука, треба да платите 250 денари во рок од 15 дена од добивањето на решението. ЛДП – Куманово прашува колку пари ќе се соберат само по основ на жалба на ваквите решенија.

„Правен основ за оваа нова давачка актуелната власт преку својот омилен извршител УЈП потпомогнато од МРТ сосема нестручно го гради на член 146 и 147 од Законот за радиодифузна дејност кои и на обичен лаик кој не мора да биде правник ако ги прочита овие членови ќе му биде јасно дека немаат правен основ “, изјави Филип Јаневиќ, портпарол на ЛДП – Куманово.

Тој вели дека на ваков начин ќе се полни празниот буџет за да се обезбедат плати  за администрацијата и другите буџетски корисници. ЛДП укажува  рече дека УЈП и МРТ овие решенија треба да ги повлечат, да се извинат на граѓаните и да сносат одговорност за овој скандалозен и срамен чин.

МРТ се извини за сите пропусти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аврамовски: ЛДП утре во Собранието повторно ќе го поднесе предлог законот за отворени листи и една изборна единица

Горан Наумовски

ЛДП бара една изборна единица и отворени листи

Горан Наумовски

ЛДП со поддршка за измените на Изборниот законик и заштита на правото на кандидирање на независни листи

ЛДП ќе бара итна средба со премиерот за јасна стратегија и поддршка во евроинтеграциите

А1он

ЛиДеМ: Една генерација зборува, друга страда – ќе слушнеме ли конечно?

Предраг Петровиќ

ЛДП: Алармантна е состојбата во Градскиот парк

Катерина Ѓуровски