ЛДП: Кој и зошто го разреши професорот Митко Димовски од директорското место во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје

Од:

Либерално-демократската партија прашува кој и зашто го разрешува директорот на гимназијата „Орце Николов“ во Скопје, професорот Митко Димовски, во период кога училиштето го одбележува својот значаен јубилеј – 70 години постоење, реагираат од ЛДП.

Оваа неочекувана и неправедна одлука, донесена во еден час, без јасни причини и аргументи, претставува удар врз вредностите на чесното, посветено и одговорно управување во образовните институции.

Професорот Димовски е признат професионалец и вистински лидер кој со својата посветеност и визија придонесе кон унапредување на образованието и создавање подобри услови за учениците.

ЛДП го поддржува секој професионалец кој работи во интерес на учениците и образовниот систем, а политичките одлуки кои се носат без јасни образложенија не смеат да бидат во функција на лични, партиски или нејасни агенди.

Бараме од надлежните институции аргументирано да ја образложат оваа одлука и да овозможат континуитет во управувањето со гимназијата, во најдобар интерес на учениците, наставниот кадар и целата заедница.

Образованието мора да биде заштитено од неосновани и политички мотивирани одлуки.

ЛДП останува на страната на професионалноста, чесноста и образовниот интегритет, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Стоименов: Одржливи решенија за игрите на среќа, а не за гол популизам кој ќе ја втурне државата во хаос

Предраг Петровиќ

Апелација го осуди управителот на Алфа телевизија, Јани Бојаџи за вршење мобинг врз Анкица Стојановска Митровска

ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор е од обвинителството на СДСМ и омилените обвинители на Венко

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

Обвинителството за Груби бара домашен притвор, ќе бил во опасност во Шутка

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Заврши распитот на Груби во Обвинителство, вечерва ќе биде изведен пред судија на претходна постапка

Предраг Петровиќ