ЛДП: Кога лажеше гувернерот на НБМ?

Од:

ЛДП укажува дека додека земјата се наоѓа во длабока политичка криза, кога целата опозиција со граѓаните е на улиците и бараат одговорност за крајно недемократското и аздисано однесување на Владата, истата не само што не чувствува оговорност за црниот понеделник, туку умешно го користи како параван, за да ја прикрие очајната економска состојба, правејќи им ги на граѓаните црни: понеделниците, седмиците, годините.

„Ако економијата во државава и до сега беше лоша, за жал сега е катастрофална“, констатира ЛДП.

Веќе 16 месеци по ред, велат, статистиката покажува постојан пад на индустриското производство, за во декември 2012 година да достигне пад од цели 8% во однос на истиот месец претходната година.

„Она што пак оваа Влада го користеше како најголем адут, односно странските директни инвестиции, во реалноста е нејзина најслаба алка. Иако за 2012 година се планираше прилив на странски инвестиции во вредност од 350 милиони евра, во периодот од јануари до ноември 2012 година во Македонија влегле минорни 45,7 милиони“, рече Дејан Блажески.

Македонија веќе нема ниту стабилна политичка, ниту позитивна бизнис клима.

„Гувернерот на Народна банка на Македонија, наместо пред јавноста да ги изнесе причините за оваа катастрофална состојба тој, суетно, тврди дека ваквото ниско ниво на странските директни инвестиции се должи на одливот на капитал на странските компании кои работат во земјава во нивните матични компании.

– Гувернерот за потребите на Владата, или тогаш или сега ја лаже јавноста, при тоа заборавајќи дека иститот податок кога му бил потребен го кажувал поинаку. Oвие суми кои сега се повлекуваат, дел од нив некогаш ги прикажувале како инвестиции, а не како прилив на средства на странски компани, што значи дека тогаш голем дел од сумите не претставувале гринфилд инвестиции“, вели Блажески.

ЛДП ја повикува Владата да и погледне на вистината во очи , да ги согледа реалните бројки, да се одважи и да побара помош за спас на економијата од независни експерти, затоа што повеќе од очигледно е дека оптимистичката, фингиранa приказна го доживеа својот крај.

Би можело да ве интересира

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу