ЛДП: Каков воздух дише Груевски, додека граѓаните дишат на шкрги?

Од:

„Владата на Никола Груeвски во изминатите 10 години единствено што успеа е да не’ смести меѓу првите градови и држави во светот со најзагаден воздух и да не стави на црната листа со милионските градови Делхи и Пекинг.

Каков воздух дише Груевски, додека граѓаните во повеќе македонски градови од преголемото аерозагадување дишат на шкрги“, прашуваат од ЛДП.

Токму состојбите во екологијата и здравата животна средина беа тема на дискусија на трибината на Либерално-демократската партија во Струмица, дел од серијалот „Македонија после Груевизмот-Либерални решенија“.

Потпретседателот на партијата и поранешен министер за животна средина, Зоран Шапуриќ, ја обвини власта дека воопшто не покажала интерес за подобрување и вложување во здравата животна средина и практикување на европските стандарди за осовременување на индустриските капацитети, кои што се обележани како најголеми загадувачи на воздухот во државата.

„Состојбата во областа на животната средина во последните десет години во Р. Македонија е многу влошена. Скопје, Тетово, Битола, но и многу други градови во државата се меѓу наjзагадените во Европа, па и во светот. Сето ова наспроти низата непродуктивни инвестициии како што е случајот со “Скопје 2014“. Оваа Влада ништо не вложи во заштитата и унапредувањето на животната средина, од која зависат здравјето и квалитетот на живот на граѓаните“, појасни Шапуриќ на трибината во Струмица.

Според него, сите досегашни инвестиции во овој дел, како и мониторинг станиците за контрола на воздухот се поставени во периодот до 2006 година.

На трибината беше истакнато дека ЛДП ќе иницира формирање на посебен независен еколошки фонд, во кој ќе се слеваат сите еколошки давачки и кој ќе биде главна основа за еколошки инвестиции.

„ЛДП ќе се залага, согласно стандардите на ЕУ, висината на инвестициите во животната средина и одржливиот развој да биде во износ од 1% од бруто-домашниот производ, на годишно ниво. Со тоа ќе покажеме грижа за заштита на здравјето и квалитетот на живот за сегашните и идните генерации“, заклучи Шапуриќ.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Прифатен уште еден наш предлог, до15 септември таблички во различна боја за државните службени возила

Граѓаните победија: Банкарските такси паѓаат под притисок на ЛДП, но тука нема да запреме, продолжува борбата против неправедните провизии

А1он

Зајкова: Ако некој пратеник мисли дека банките му се поважни од народот, нека излезе и нека каже: „Гласав за банките, а не за народот”

Горан Наумовски

Груевски: НБРМ ја слушна ЛДП и ги намали трошоците на банките, на ред се банките да ги намалат трошоците кон граѓаните

Форумот на жени на ЛДП најостро го осудува нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска

ЛИБСЕЕН го поздравува усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент за Македонија и ја осудува дебатата за идентитетот

А1он