ЛДП: Каде е МВР на натпревар од висок ризик?

Од:

Либерално-демократската партија најостро ги осудува вчерашните инциденти во Скопје кога по фудбалскиот натпревар Вардар – Скупи, беа нападнати и претепани десетици случајни минувачи на повеќе локации низ градот.

„Упатуваме остри критики и осуда до работата и организацијата на МВР на овој спортски настан, затоа што сметаме дека на еден натпревар од ваков ризик допушта хулигани да “хараат“ низ центарот на Скопје, загрозувајќи ги животите и безбедноста на граѓаните.

Овој чин на примитивизам и вандализам на поединци е одраз на паниката на партиите на власт,  кои пред закажаните вонредни парламентарни избори се обидуваат да  предизвикаат меѓунационални судири и тензии, злоупотребувајќи припадници на навививачки групи.

Како политичка партија, бараме да се откријат и казнат не само насилниците во овие инциденти, туку и нивните наредбодавачи.

Политиката мора да ги тргне рацете од спортот, ваквиот облик на шовинизам не смее да се потхранува и да биде дел од нашето општество, во било каков облик.

Во спротивно, со охрабрување на девијантното однесување на навивачките групи, спортот доаѓа на второ место и сериозно назадува. Со ова се прави една од најголемите штети, а тоа е спречување на вистинските љубители на спортот да присуствуваат на големите дерби натпревари“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски