ЛДП: Јавниот долг достигнува алармантни размери

Од:

„Либерално демократската партија веќе четри години постојано укажува на негативнот тренд на зголемување на јавниот долг, поради нерационалното и расипничко однесување на Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ. За жал овој тренд во изминатите четири години рапидно се зголемуваше  и денес достигна рекордни  4 милијарди и 760 милиони евра и за прв пат го надминува 50 % од бруто домашниот производ, односно  изнесува алармантни  50.6 % од националниот БДП.

Залудни беа обидите на власта да ја прикажат Македонија,  најпрвин како ниско задолжена држава, а потоа и како средно задолжена држава , преку споредби со многу поголеми и поразвиени држави во светот. Сите предвидувања укажуваат дека тенденцијата за зголемување на  јавниот долг и  понатаму ќе расте како последица од се поголемо задолжување на државата кое изнесува  фрапантни 2 милиони дневно. Најтрагично е  тоа што средствата од ова задолжување се насочуваат кон непродуктивни проекти и покривање на се поголемите буџетски дупки. Буџетот е во мошне лоша состојба, пензискиот фонд е пред колапс,  така да е сосоема  јасно дека не само што е загрозена  иднината, туку и сегашнаноста.  Јавниот долг по глава на жител денес изнесува 2274 евра по жител, а само за илустрација во 2010 тој изнесуваше 957 евра. Во оваа година државата издвојува само за исплата по основ на камати на задолжувања околу 110 милиони евра, а во 2010 за камати се издвојуваше 52 милиони евра годишно,

По промените што ќе се случат по 11 декември, владата во која ќе учествува и ЛДП, наместо досегашни инвестирања  во непрдуктивни проекти,  ќе ги насочува буџетските средтва  во развој на транспортната инфраструктура, инвестиции во енргетиката воопшто и во обновлива енергија, поттикнување на извозот и  поттикнување на воведување на нови технологии, целосно изедначување на домашните и странски инвеститори и развој на микро и средните претпријатија“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство