ЛДП ја потпиша Декларацијата за измена на Законот за прекинување на бременоста

Од:

Денес, Претседателот на Либерално-демократската партија, Горан Милевски и претседателката на Форумот на жени на ЛДП, Јулиана Николова, потпишаа Декларација за измена на законот за прекинување на бременоста и обезбедување заштита на здравјето на репродуктивните права на жената, предложена од Платформата за родова еднаквост.

Законот за прекин на бременоста, кој во моментов е во сила, е рестриктивен и го ограничува правото на жените на избор. Со потпишувањето на декларацијата, ЛДП се обврза во новиот состав на парламентот да направи измена на Законот за прекинување на бременоста и тоа во одредбите кои го ограничуваат пристапот до абортус на жените во здравствените институции и го загрозуваат правото на заштита и на репродуктивните права.

Исто така, се обврзуваат на транспарентоност и партиципативност на сите заинтересирани страни, вклучително и на граѓанските организации во процесот на донесување на нова законска регулатива, при што ќе се следат препораките на Светската здравствена организација и обврските од националните и меѓународните документи за човекови права.

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он