ЛДП: Иванов ги аболицира криминалот и диктатурата

Од:

„Антидржавна и противуставна е одлуката на Ѓорге Иванов да прогласува аболиција за сите случаи поврзани со прислушуваните разговори. Со овој чин Иванов ги аболицира криминалот и диктатурата на власта.

Актот на Иванов да ги прекине сите кривични постапки што се водат против политичарите во Република Македонија и од власта и од опозицијата, е погазување на правната држава, уривање на уставниот поредок, судството како независна власт, а со самото тоа, дава поддршка на фалсификуваните избори, корупцијата и злоделата на врхушката на власт.

Оваа одлука на Иванов де факто значи поништување на Договорот од Пржино и укинување на Специјалното Јавно Обвинителство.

Претседател, кој е избран на нелегитимни и лажирани избори не смееше да помисли на ваков “луксуз„.

Го повикуваме Ѓорѓе Иванов веднаш да си поднесе оставка и да не се обидува да лаже и да ја замајува јавноста дека ова го сторил за да помогне во разрешување на политичката криза.

Во исто време, ги повикуваме сите слободоумни граѓани, поборници за демократијата, првдата и правната држава, кои не се согласуваат со ваквиот преседан на таканаречниот претседател, уште вечерва да го искажат својот став токму пред неговата резиденција.

Ја повикуваме и меѓународната заедница да не стои настрана и да не биде нем сведок на уривањето на државата од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, соопштуваат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП до премиерот: Доста е со манипулации и глумење фрапираност од судството – изменете го Кривичниот законик веднаш

А1он

ЛДП: За два дена над 10.000 потписи против институционалната слепост за насилството врз жените!

А1он

ЛДП бара електронски алки за следење на насилниците, Зајкова повика на потпишување петиција

Катерина Ѓуровски

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ