ЛДП: Иванов ги аболицира криминалот и диктатурата

Од:

„Антидржавна и противуставна е одлуката на Ѓорге Иванов да прогласува аболиција за сите случаи поврзани со прислушуваните разговори. Со овој чин Иванов ги аболицира криминалот и диктатурата на власта.

Актот на Иванов да ги прекине сите кривични постапки што се водат против политичарите во Република Македонија и од власта и од опозицијата, е погазување на правната држава, уривање на уставниот поредок, судството како независна власт, а со самото тоа, дава поддршка на фалсификуваните избори, корупцијата и злоделата на врхушката на власт.

Оваа одлука на Иванов де факто значи поништување на Договорот од Пржино и укинување на Специјалното Јавно Обвинителство.

Претседател, кој е избран на нелегитимни и лажирани избори не смееше да помисли на ваков “луксуз„.

Го повикуваме Ѓорѓе Иванов веднаш да си поднесе оставка и да не се обидува да лаже и да ја замајува јавноста дека ова го сторил за да помогне во разрешување на политичката криза.

Во исто време, ги повикуваме сите слободоумни граѓани, поборници за демократијата, првдата и правната држава, кои не се согласуваат со ваквиот преседан на таканаречниот претседател, уште вечерва да го искажат својот став токму пред неговата резиденција.

Ја повикуваме и меѓународната заедница да не стои настрана и да не биде нем сведок на уривањето на државата од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, соопштуваат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Прифатен уште еден наш предлог, до15 септември таблички во различна боја за државните службени возила

Граѓаните победија: Банкарските такси паѓаат под притисок на ЛДП, но тука нема да запреме, продолжува борбата против неправедните провизии

А1он

Зајкова: Ако некој пратеник мисли дека банките му се поважни од народот, нека излезе и нека каже: „Гласав за банките, а не за народот”

Горан Наумовски

Груевски: НБРМ ја слушна ЛДП и ги намали трошоците на банките, на ред се банките да ги намалат трошоците кон граѓаните

Форумот на жени на ЛДП најостро го осудува нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска

ЛИБСЕЕН го поздравува усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент за Македонија и ја осудува дебатата за идентитетот

А1он