ЛДП: Иванов да одговори дали прифатил „мигрантски кампови“ во Р. Македонија

Од:

„Либерално-демократската партија уште еднаш го отвора јавно прашањето, дали власта прифатила да се отворат бегалски кампови во дражавата?

Молкот на Владата само уште повеќе ги поттикнува стравувањата кај граѓаните дека Република Македонија би можела да стане место на „мигрантски  кампови“.

Нашите стравувања се уште поосновани по вчерашната изјава на претседателот Ѓорге Иванов, со која побара „гаранција од ЕУ за политичка, безбедносна и економска поддршка“.

Оттука, јавно го повикуваме претседателот Иванов да одговори. дали со одобрувањето на финансиски средства од ЕУ би се согласил во Македонија да никнат бегалски кампови?

Со ваквите изјави се добива впечаток дека Иванов ги продава националните интереси и безбедноста на македонските граѓани за пари.

Наместо одлучно одбивање на идеите за бегалски кампови, државата на чело со оваа влада која не бира средства за спас на својата глава, е пред голема опасност Македонија да ја претвори во долгорочен паркинг простор за бегалците од Сирија и регионот.

Дека ситуацијата со мигрантската криза ќе се продлабочува и ќе биде особено тешка за Македонија, потврдува и изјавата на австрискиот канцелар, Вернер Фајман, кој предупредува дека после месец мај, пред македонската граница се очекуваат 100 000 бегалци.

ЛДП укажува дека оваа Влада нема стратегија за справување со мигрантската криза и уште еднаш го повикуваме Груевски да им одговори на граѓаните што ветил на состаноците со некои лидери на одредени европски земји“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство