ЛДП: Итно одземање на ингеренциите во образованието на Општина Битола

Од:

„Вчера во Битола средба остварија двајцата обвинети за криминал од СЈО, Никола Груевски и Владимир Талески. И двајцата без пасоши и двајцата без чувство за вистинските потреби на граѓаните на Битола.

И наместо да се срамат за своите постапки кои ги направија во битолското образование, блокираните жиро сметки, огромната партизација, штетата во образовниот процес тие и понатаму бесрамно продолжуваат да ги искористуваат за партиски цели.

Во време кога училиштата се на распуст, а наставниците го користат одморот, директорка на основно училиште, кое има неколку години блокирана жиро сметка од околу 6.000.000 денари, ги отвора вратите на училиштето и прима во посета претседател на политичка партија. При тоа, истата таа директорка заборава на Груевски да му нагласи дека училиштето должи за струја, вода и основни комунални услуги. Директорката очигледно заборавила до каде се нејзините ингеренции и која е нејзината улога во образованието.

Во исто време, директорот на Центарот за култура и претседател на Општинскиот комитет на ДПМНЕ, наместо да се грижи за работењето на институцијата, се шета низ Битола со Никола Груевски, со што директно ја вовлекува политиката во полето на културата.

Поради ваквата груба партизација, ЛДП бара Владата на Република Македонија, во пресрет на новата учебна година, под итно да ги одземе ингеренциите на Општина Битола во делот на образованието, бидеќи децата со ништо не заслужиле да ги водат вакви директори.

Исто така, бараме од министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, уште денес да го разреши директорот на Центарот за култура во Битола, бидејќи за партиски послушници нема место во културните институции“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП со посебна благодарост за основачите во Битола

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ

Зајкова: Со конкретна стратегија до подобри резултати и повеќе влијание во локалната самоуправа