ЛДП: Итно формирање на политичка влада без осомничените за криминал од ДПМНЕ и ДУИ

Од:

„Само суштински решенија и вистински реформи можат да ја извлечат Македонија од длабоката политичка и општествена криза во која ја втурна авторитарниот систем на владеење на Никола Груевски и врхушките на ДПМНЕ и ДУИ. Во Македонија мора да се врати демократијата, владеењето на правото и да се сечат во корен сите криминали што ги продуцира и практикува власта, предводена од Груевски.

Секој изминат ден со Груевски на власт е изгубен ден за граѓаните на Р. Македонија“, велат од ЛДП.

„Токму затоа, ЛДП предлага итно формирање на преодна, политичка, концентрациона влада, чија цел ќе биде враќање на довербата во срушените и узурпирани институции.

Предлагаме преодна влада која ќе има мандат од 6 до 9 месеци со специфични задолженија, што ќе подразбираат:

– Прочистување на избирачкиот список,

– Гарантирање на слободата на медиумите и регулирање на медиумскиот простор,

– Владеење на правото подеднакво за сите граѓани,

– Одделување на партијата од државата,

– Спроведување на пописот,

– Кривична одговорност за сите оние кои ги прекршиле законите, независно на која партија или етничка група припаѓаат,

– Спроведување на фер, слободни и демократски избори.

Во новата преодна влада опозицијата ќе мора целосно да ги добие ресорите за коишто  во аудиоснимките се увиде дека се инволвирани во криминал, изборни манипулации и фалсификат.

Груевски и неговите извалкани-до-гуша-во-криминал избраници од ДПМНЕ и ДУИ, не смеат да бидат дел од преодната влада. И тимот на Груевски е креатор на системот кој ги узурпира институциите и изврши флагрантно прекршување на законите, по безброј основи, што доведе до целосен крах на вредносниот и општествениот поредок во државата“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: За два дена над 10.000 потписи против институционалната слепост за насилството врз жените!

А1он

ЛДП бара електронски алки за следење на насилниците, Зајкова повика на потпишување петиција

Катерина Ѓуровски

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“