ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Од:

Либерално-демократската партија го осудува случајот со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески во неговата родна Струга. Ова најдобро ја отсликува „грижата“ за културното наследство, кое е оставено на милост и немилост од страна на локалните шерифи.

Малески е дел од НОБ, важи за еден од најпознатите македонски творци, воедно е и автор на нашата химна „Денес над Македонија“ и е важен дел од македонското современо творештво.

ЛДП од надлежните институции бара брза и ефикасна истрага за тоа која е причината и како дошло до уривање на цел еден ѕид од куќа, кој го издал одобрението за градба и кој ги контролирал работите на терен.

Воедно, бидејќи се работи за сквернавење на заштитен споменик на културата, прогласен за културно наследство, бараме сторителот на делото да сноси и кривична одговорност и да послужи за пример на сите оние кои во иднина ќе помислат да сквернават заштитено културно наследство.

Би можело да ве интересира

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори