ЛДП: Хрватска во Шенген е одлична вест, ветото врз Бугарија и Романија е срам за ЕУ!

Од:

ЛДП ја поздравува одлуката на Европскиот совет за правда и внатрешни работи да го одобри членството на Хрватска во Шенген зоната од 1 јануари 2023. Им честитаме на пријателите и граѓаните на Хрватска за тоа што практично од нова година ќе им се укинат копнените гранични контроли со Словенија и Унгарија, како и граничните контроли на хрватските поморски и воздушни пристаништа кон земјиште од Шенген.

За ЛДП тоа е одлична вест и доказ дека со напорна работа, особено во борбата со корупцијата и организираниот криминал, се постигнуваат посакуваните резултати за граѓаните. Посакуваме и повикуваме да работиме сите напорно што е можно побрзо Северна Македонија да се најде во друштво со Хрватска и Словенија.

Едновремено, ЛДП ја оценува како срамна одлуката на министрите за внатрешни работи на Унијата да не им се даде зелено светло на Бугарија и Романија за влез во Шенген зоната, и покрај 11-те последователни позитивни извештаи на Европската Комисија за исполнувањето од страна на двете на сите шенгенски критериуми, како и овогодишното позитивно гласање на Европскиот Парламент.

ЛДП ја осудува одлуката за употреба на национално вето, овој пат од страна на Австрија и Холандија за проширувањето на Шенген зоната, засновани на принципи кои се базираат на селективност и противречат на принципите за еднаквост и правичност во евалуацијата на европските критериуми.

„Македонските граѓани најдобро знаат што значи да се биде жртва на национални вета и покрај исполнувањето на сите критериуми поставени од страна на Европската Унија. Не посакуваме никој да биде жртва на ирационални вета кои најчесто се производ на предрасуди или национални изборни калкулации, а не на оценка на критериуми. Изразуваме целосна солидарност со соседите од Бугарија и Романија“ – рече Татјана Гацова, членка на советот за меѓународни односи на ЛДП.

ЛДП апелираат за укинување на можноста на ставање на вето при носењето на одлуки во Европската Унија, вклучително и за процесот на пристапување во полноправно членство во Европската Унија. Во спротивно, и понатаму ќе се губи кредибилитетот на Унијата, како и функционалноста на европските институции. За да може да продолжи Европската Унија да се развива во служба на своите граѓани како прогресивен и силен глобален чинител, потребно е да се спроведат во најкус можен рок препораките на Конференцијата за иднината на Европа, која самата ЕУ ја организираше, а која предвидува гласање со квалификувано мнозинство наместо право на вето.

Од ЛДП ги повикуваат европските лидери наместо изборен популизам да покажат визионерство и лидерство и во согласност со усвоената политика на АЛДЕ веќе на наредниот Совет без понатамошни одлагања да го одобрат приемот на Бугарија и Романија во Шенген зоната.

Воедно, го повикуваат и Европскиот Совет без понатамошни одлагања на следниот самит да ѝ доделат на Босна и Херцеговина кандидатски статус за членство во Унијата, во надеж дека во наредната година кандидатски статус ќе му биде доделен и на Косово. Само со сплотеност на континентот можеме да го изградиме заедничкиот Европски дом.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу

Мишиќ: Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики

Јакимовски за викенд -акцијата „Здрави навики“: Заедно со граѓаните се грижиме за здравјето и градиме здрави животни навики

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови