ЛДП: Груевски е првоосомничен во очите на македонската јавност

Од:

Либерално-демократската партија во вчерашниот говор на Никола Груевски, препознава признание на сите злодела, злоупотреби на власта, малверзанции и изживувања што премиерот, заедно со неговиот тим, им го направија на македонските граѓани во овие 9 години од нивното владеење.

ЛДП не е изненадена од однесувањето на Груевски, што сите околу него ги гледа за виновни, а вината никако не може да ја најде во себе. Тоа е патолошка појава од која спас нема. Народ ја знае поговорката дека “Рибата смрди од главата, не од опашката”.

Неговиот последен говор е обид за спас на сопствената кожа, и признавање на сите обвинувања содржани во “бомбите”. Груевски треба да разбере дека во очите на македонската јавност тој е првоосомничен.

Неговиот тоталитаризам има крај. Проблемот не е во партијата, туку во фамилијата, која немилосрдно ги краде граѓаните и која треба час поскоро да си замине.

Наместо закани со “транспарентни” истраги кон опозицијата, премиерот треба да си поднесе оставка од функцијата.

Дојде крајот и за тебе Груевски, не само на твојот забеган тим, затоа попусто се обидуваш да се спасиш!

Народот те прочита и повеќе не те сака!

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство