ЛДП: Груевски да објави колу фирми настрадале од „селективната казнена политика“

Од:

Либерално-демократската партија бара од Владата на Никола Груевски, пред заминување, да ги објави јавно статистиките колку данок на годишно ниво собирале од фирмите во Р.Македонија, во рамки на нивната „популарна казнена политика“.

Кои фирми, со каква селекција страдале од даночниците и на крај, колку фирми, мали и средни претпријатија, ставиле катанци на вратите од селективната казнена политика на Груевски и првиот даночник, Горан Трајковски.

ЛДП подолго време укажуваше дека казнената политика на Груевски го гуши македонското стопанство, што резултира со затворање на стотици мали и средни претпријатија, како и пропаѓање на бизнисите на илјадници дуќанџии и занаетчии.

Селективната правда на Груевски кон стопанствениците е еднаква на неправда. Измените во казнената политика на само чекор до нови избори е потврда за популизмот на Груевски, но во истовреме и негово признание дека Владата води погрешна казнена политика во изминатите девет години.

ЛДП укажува дека овој чекор на Владата не е доволен за заздравување на македонското стопанство. Промените допрва ќе следуваат во корист на претприемништвото. Она што ќе биде задача на идната влада е заживување на малите и средни претпријатија, ослободување од плаќање на ДДВ за фирмите со годишен обрт на средства до 50.000 евра, како и тоа компании со обрт на средства под 200.000 евра да плаќаат ДДВ по наплатени обрски.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Прифатен уште еден наш предлог, до15 септември таблички во различна боја за државните службени возила

Граѓаните победија: Банкарските такси паѓаат под притисок на ЛДП, но тука нема да запреме, продолжува борбата против неправедните провизии

А1он

Зајкова: Ако некој пратеник мисли дека банките му се поважни од народот, нека излезе и нека каже: „Гласав за банките, а не за народот”

Горан Наумовски

Груевски: НБРМ ја слушна ЛДП и ги намали трошоците на банките, на ред се банките да ги намалат трошоците кон граѓаните

Форумот на жени на ЛДП најостро го осудува нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска

ЛИБСЕЕН го поздравува усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент за Македонија и ја осудува дебатата за идентитетот

А1он