ЛДП: Груевски да не се крие, туку да понесе политичка и морална одговорност поради масовното прислушување

Од:

Никола Груевски да понесе политичка и морална одговорност за масовното прислушување, за кршењето на основните човекови права и уништувањето на демократијата воопшто.

Наместо да се крие зад фејсбук пораки за изградба на локални патишта и канализации, Груевски да излезе пред македонската јавност и да се извини за големата лага за „странските служби и жолтите комбиња“, за лагите и убедувањата дека прислушуваните материјали во „бомбите“биле сечени, лепени и монтирани. Да се извини за злоупотребата на прислушните апарати, зошто јасно е како ден кој масовно прислушкувал во оваа држава и за чии потреби. А сега, сосема е јасно и зошто Груевски не се појавува на рочиштата за случајот „Пуч“, затоа што и самиот знае дека од сведок многу лесно може да премине во главен осомничен.

Молчењето на Груевски за случајот „Таргет“ само ја потврдува неговата длабока инволвираност во овој криминално–политички и патолошки процес.

Но, и да се скрие во мечкина дупка, вистината и правдата ќе го стасаат Груевски!
ЛДП стои на ставот дека овие судови не можат да ја истераат правдата на виделина. Особено не, по најновиот скандал во Основниот суд Скопје и воопшто во правосудството во државата. Судовите мора да се исчистат од „сваровски“ судиите , но и од оние на кои судовите им се ‘чешмиче’ и ‘дуќанче’.

СЈО не смее веќе да се потпира на овие судови , затоа укажуваме до македонската и меѓународната јавноста на нужноста од формирање на специјален судски оддел кој ќе ги процесуира обвиненијата на СЈО.

Во оваа држава конечно мора да се врати правдата и владеењето на правото.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Прифатен уште еден наш предлог, до15 септември таблички во различна боја за државните службени возила

Граѓаните победија: Банкарските такси паѓаат под притисок на ЛДП, но тука нема да запреме, продолжува борбата против неправедните провизии

А1он

Зајкова: Ако некој пратеник мисли дека банките му се поважни од народот, нека излезе и нека каже: „Гласав за банките, а не за народот”

Горан Наумовски

Груевски: НБРМ ја слушна ЛДП и ги намали трошоците на банките, на ред се банките да ги намалат трошоците кон граѓаните

Форумот на жени на ЛДП најостро го осудува нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска

ЛИБСЕЕН го поздравува усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент за Македонија и ја осудува дебатата за идентитетот

А1он