ЛДП: Граѓаните на изборите во април ќе си ги вратат сите изгубени слободи и права

Од:

„Секоја година, на 10-ти декември, меѓународната заедница го слави Меѓународниот ден на човековите права, воспоставен како интернационален празник од страна на Генералното Собрание на Обединетите Нации во 1948-та година.

Во Македонија, човековите права не се нешто за што би се славело. Сигурни на дното, Македонија се мачи со одржувањето на минимумот во оваа област, речиси на сите независни меѓународни листи.

Власта свесно, во своето десетгодишно владеење, успеа да уништи се’ она што важеше за основно човеково право, пред се’, со систематската (зло)употреба на институциите. Пристрасното судство, корумпираното обвинителство, полициската бруталност демонстрирана низ годините, како и загушувањето на слободата на изразување и говор се само дел од проблемите со кои Македонците се соочуваат на дневни основи.

Либерално-демократската партија сака на сите граѓани да им го честита Меѓународниот ден на човековите права и да им порача дека крајот на оваа владеача гарнитура никогаш не бил поблиску. Убедени сме дека граѓаните наредната година, на изборите во април, повторно ќе успеат да си ги вратат сите досега изгубени слободи и права“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство