А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЛДП: Граѓаните на Гевгелија, предвесници на демократските и еколошки реформи во државата

by А1он24/04/2017 - 09:20102
Share0

„Граѓаните на општината Гевгелија денеска покажаа висока демократска и еколошка свест и со тоа станаа предвесници на овие реформи во државата. Тие се спротивставија на ниско развиената еколошка свест, на недоволната информираност во врска со екологијата и еколошките постапки кои што треба да се преземат и цврсто застанаа против неодговорноста на сите оние кои сакаа да ја загрозат животна средина и здравјето на граѓаните и зачувување на природните богатства за идните генерации.

Добивај вести на вибер

Гласајќи против почеток на експлоатација на рудници за злато на планината Кожуф, граѓаните од југот на државата дадоа успешен пример за тоа како треба да се однесуваме сите ние за важни работи витален интерес во нашата заедница.

Либерално-демократската партија искрено им честита на гевгеличани што застанаа во одбрана на еколошката и здрава иднина на своите поколенија.

Тие избраа живот во Гевгелија!

Успешноста на овој референдум ќе биде пример за сите нас во иднина да ставиме акцент на едуцирањето на луѓето во врска со еколошките постапки кои се преземаат во нивните заедници, а кои негативно влијаат врз околината. Сметаме дека сето ова ќе придонесе за почиста средина и поголем развој на државата. Нетранспаретната постапка за време на четиригодишните геолошки испитувања не им попречи на граѓаните да ја покажат висока еколошка свест за развој на користењето на природните богатсва на планината Кожув.

Сега, пред сите нас претстојат долгорочни напорни активности за прогласување на делови од Кожув за еколошки заштитени подрачја, за што ЛДП активно ќе се залага“ се вели во соопштението на ЛДП.

gevgelijaldp

Би можело да ве интересира

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Предраг Петровиќ26/10/2025 - 10:57

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски19/10/2025 - 19:0519/10/2025 - 15:08

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Катерина Ѓуровски16/10/2025 - 10:10

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

Горан Наумовски25/09/2025 - 16:25

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Горан Наумовски25/09/2025 - 15:12

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски25/09/2025 - 12:1425/09/2025 - 12:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен