ЛДП: Го поздравуваме предлогот на Зоран Заев за нов изборен модел

Од:

Либерално-демократската партија го поздравува предлогот на СДСМ, изнесен од страна на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, за промена на изборниот модел – Македонија да биде една изборна единица.

Како партија која е дел од опозицискиот блок, сметаме дека само на овој начин ќе се вреднува секој глас на македонските избирачи.

Позитивно ја оценуваме и проценката на СДСМ дека со ваква промена на изборниот модел ќе се реши и прашањето со гласањето на дијаспората. Секој иселенички глас за нас е подеднакво важен.

Промената на изборниот модел е чекор напред за македонската демократија.
Ако ВМРО-ДПМНЕ искрено се грижи за правата и желбите на иселениците, без да прави калкулации и злоупотреби на гласовите од дијаспората, тогаш ќе прифати гласот на иселениците да ја добие истата вредност со гласовите на избирачите во татковината.

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он