ЛДП: Го поддржуваме референдумот и очекуваме граѓаните масовно да излезат на гласање!

Од:

„Либерелно-демократската партија има јасен и недвосмислен став за поддршка на претстојниот референдум и затоа ги повикуваме граѓаните заедно да одлучиме за нашата иднина и да излеземе и да гласаме.

Пред нас е историски момент од кој зависи иднината на Република Македонија. Во овие моменти најважно е да се сплотиме и заеднички да се гордееме, бидејќи како држава немаме друга алтернатива освен ЕУ и НАТО.

Затоа ги повикуваме граѓаните масовно да излезат на референдумот и да одлучат за својата иднина.

Ние либерал-демократите, сметаме дека за вакво прашање, политичките партии нетреба да тактизираат и да се премислуват дали да се излезе на гласање или не, собирајќи ефтини политички поени. Ова е историска одлука и секој граѓанин треба да го каже својот став преку давање на свој глас.

За сите нас Македонија е заедничка држава без оглед на религијата, етничката припадност, политичката определба и сите ние треба да одлучиме во каква држава ќе живееме.

Либерално-демократската партија е категорична дека одлуката на граѓаните е обрзувачка и единствено исправна!

Се обраќаме до сите граѓани на Македонија, да го поддржат референдумот и референдумското прашање како врвен демократски инструмент за изразување на волјата на граѓаните.

Имаме историска шанса за напредок, како Македонци и со нашиот македонски јазик и идентитет, да станеме дел од семејствата на ЕУ и НАТО.

Имаме обврска пред сегашните и идните генерации да овозможиме сигурна и економски просперитетна држава“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство

ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ

ЛДП: Прифатен уште еден наш предлог, до15 септември таблички во различна боја за државните службени возила

Граѓаните победија: Банкарските такси паѓаат под притисок на ЛДП, но тука нема да запреме, продолжува борбата против неправедните провизии

А1он