ЛДП Гевгелија: Како се потрошени преку 700.000 евра европски пари во општина Гевгелија?

Од:

Општинската организација на Либерално-демократската партија во Гевгелија достави предлог до Советот на општината за разгледување на завршните извештаи од реализираните проекти во општина Гевгелија во изминатата 2014 година, поддржани од меѓународни институции и фондови. Станува збор за прокети кои ја надминуваат сумата од 700 000 евра и се важни за економскиот развој на нашиот град и околните општини.

Како општинска организација бараме транспарентност и отчетност од локалната власт, јавноста да биде запознаена дали планираното е и остварено со проектите , каква е долгорочната одржливост на проектите и каков е досегашниот ефект од истите врз локалната заедница.

Сметаме дека фондовите на Европската унија треба да се користат за развој на човечкиот капитал, за иновации и за директно финансирање на микро и малите компании. Средствата да се алоцираат пазарно според потребите на локалната економија, а не политички за додворување кон гласачите.

Централната, но и локалната власт во изминатите неколку години извршија силен административен и фискален притисок врз микро и малите компании , со што ја уништија креативноста и инвестициските циклуси и можностите за отварање на нови работни места во општина Гевгелија.

Детално бараме отчет за следните прокети;

Проект – Центар за посредување при вработување и создавање бизниси и учество на локален саем во прекуграничниот регион , во вредност од 95.000 евра.
Проект – Промовирање на одржлив туризам и заштита на животната средина преку партнерство , во вредност од неверојатни 173.838 евра.

Проект – Промовирање на иновативно претприемништво преку формирање на кластер за ароматични фармацевтски производи , во вредност од 83.550 евра.

Проект – Развој на електронска берза за земјоделско – прехранбени производи во прекуграничната област , во вредност од 90.000 евра.

Проект – Вмрежување и трансфер на знаењето за одржлив економски туристички развој , во вредност од 50.000 евра .

Проект – Развој на механизми за одржливо управување со речните сливови како мерка за претпазливост против поројните феномени , во вредност од неверојатни 190.652 евра.

Проект – Меѓуопштинска соработка во енергетската ефикасност – општини Гевгелија , Валандово и Богданци , во вредност од 18.000 евра .

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство