ЛДП: Доста ни е од „кројачи на јавното мислење“, ја поддржуваме слободата на медиумите

Од:

„Либерално-демократската партија остро и недвосмислено се оградува и се спротивставува на непрофесионалното и недолично однесување на вработениот од Министерството за надворешни работи. Вработениот се дрзнал да му се заканува на новинарот од ТВ21, Фуркан Салиу, да не поставува прашања на јавен настан и при тоа да го условува со наводно интервју после прес конференцијата.

ЛДП, како партиципиент во власта, е категорично против ваквото однесување на било кој од вработените во јавната администрација, министерствата или Владата, насочено кон средствата за јавно информирање.

Ние 12 години се боревме против режим кој ги практикуваше истите тие стандарди на однесување кон новинарите , медиумите и воопшто кон јавноста. Ниту тогаш, а ни сега, тоа нема ниту да го поддржиме ни да го премолчиме. Доста ни е од „кројачи на јавното мислење“, доста ни се „кројачи на спинови“, доста ни е од „кројачи на медиумски лаги и извртување на вистината“.

Во оваа држава никој нема право да ја загрозува слободата на медиумите и новинарите, но и правата на граѓаните да бидат информирани за прашања од јавен интерес.

Бараме од МНР и од министерот јавно да се огради од вработениот и да го истражи случајот, а воедно препорачуваме во најбрз можен рок во своето министерство да спроведе курс по демократија.

ЛДП го поддржува независното новинарство, слободата на медиумите и ќе се спротивстави на секое забегување на поединци од власта, зошто за нас, како граѓанска партија, слободата на говорот е темелна вредност на едно отворено и демократското општество“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство

ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ

ЛДП: Прифатен уште еден наш предлог, до15 септември таблички во различна боја за државните службени возила

Граѓаните победија: Банкарските такси паѓаат под притисок на ЛДП, но тука нема да запреме, продолжува борбата против неправедните провизии

А1он