ЛДП: Дигитализација на образованието до 2030, кривична одговорност за судиите и јавните обвинители, почитување на човековите права, Викенд без ДДВ

Од:

Во рамки на новата програмска платформа на Либерално-Демократската партија за време на тематската конференција „Секој е важен! Овде и сега.“ која се одржа викендов во Скопје организираа и дебата на која учествуваа еминентниот проф. д-р Сретен Миладиноски, м-р Горан Петрушев експерт по инклузивно образование, Андреа Угриноска активистка за човекови права, Магдалена Андова адвокатка. Тие говореа на четирите главни теми, економијата, образованието, правосудството и човековите права.

-Во делот на образованието како држава имаме многу работа, сити сме од реформи кои се спроведуваа, а не гледаме никаква завршница, но целата област е комплексна и не треба да се брза туку темелно да се пристапи кон нови реформи. Затоа е потребна целосна реорганизација и оптимизација на образовниот систем во кој финансиите ќе го следат ученикот и неговите потреби на начин на кој најранливите ученици ќе бидат приоритет. Тоа значи ефикасна и правилна распределба на ресурсите пред се, рече експертот по инклузивно образование Петрушев.

Тој појасни дека училиштата кои работат добро и одговорно ќе бидат стимулирани и наградувани врз база на јасни критериуми, но потребно е обезбедување на квалитетна настава преку континуиран професионален развој на наставниците, но и развој на квалитетно инклузивно образование преку отворање на ресурсни центри за поддршка на учениците кои се соочуваат со проблемите во учењето во секој поголем град, како и обезбедување на инфраструктура и наставни помагала за овие ученици.

-Секако потребни се и реформи во средното образование со носење на закон кој ќе се стави акцент на претприемачки и деловни партнерства меѓу училиштата и бизнисите со цел подобрување на стручното образование кое ќе влијае на економскиот развој на државата. Воведувањето на целосна дигитална настава до 2030 година, преку обезбедување на квалитетен интернет пристап до сите училишта, како и компјутери за учениците, достапни дигитални содржини и алатки е еден од приоритетите. Ова не значи дека учебниците ќе бидат тргнати, тие ќе останат, но со многу подобар квалитет и ќе бидат задолжителни во одделенската настава, додаде Петрушев.

Надоврзувајќи се на трошоците во образованието проф. д-р Миладиноски рече дека во државата сите знаеме каква е економската состојба и дека има многу предизвици но дека согласно програмските цели кои ги предлага ЛДП може да се направат позитивни придвижувања за стабилизирање на Буџетот преку неколку реформи.

-Предизвици има многу, можеме да земеме дел од нив за кои можеме да разговараме. Како прво, би сакал да нагласам да се земе во предвид главниот промет, државниот платен промет, помеѓу државата и стопанството и помеѓу јавните претпријатија и стопанството, затоа што сите добро знаеме дека еден од најголемите кочничари во финансирање на стопанството е државата. Мора да се донесе некој закон за навремено плаќање.

Потоа како втора точка ја земаме ДДВ, повратот на ДДВ и плаќањето на ДДВ. Мора да се земе плаќањето на ДДВ по извршена уплата а секако тоа важи и за повратот. Затоа повторно се вели стопанството финансира во државата со плаќање ДДВ, а од друга страна не може доволно брзо да функционира. Како трета работа каде е засегнато стопанството и физичките лице е банкарскиот сектор. Мора да се изнајде начин за намалување на провизиите, намалување на одржувањето на сметки, намалување на каматите, особено на физичките лица и да се најде начин за укинување на брзите кредити, појасни професорот.

Како една од мерките која се однесува на граѓаните пак според професорот Миладиноски, а која ја предлага ЛДП е да има викенд без ДДВ, кој би бил во првата недела од септември, затоа што учениците тогаш почнуваат со настава, а исто така тогаш се слави и 8-ми септември денот на независноста на нашата држава.

Сепак за правилно функционирање на државата во однос на граѓаните според Угриноска е почитувањето на човековите права преку спроведувањето на законите започнувајќи од образованието, преку судството и секако со импликации на економијата.

-Човековите права ако некој не ги применува или почитува се само куп зборови на лист хартија или во некоја папка и фаќаат прашина. Во Универзалната декларација за човековите права постојат оние кои се предмет на овие права како и оние кои имаат должност да им ги исполнат овие права. Граѓаните пак имаат право да им бидат заштитени овие права преку институции кои имаат моќ да го направат тоа, а тоа се државата, правосудниот систем и правобранителите. Доколку граѓаните немаат информации за механизмите за заштита на своите права тие нема да потегнуваат тужби за нивна заштита па затоа многу често иако законските рамки постојат гледаме дека одреден негативен тренд продолжува да расте. Учеството н граѓаните во одржување на правниот систем е клучно и тоа преку јасни концизни насоки за како да се створат овие права и да бидат достапни за секој граѓанин. Се работи за прирачник кој е едноставен и разбирлив дури и за најмалите и интегриран како таков во образовниот систем преку граѓанско образование, заклучи Угриноска.

Како што заклучи пак адвокатката Андова една од главните нишки за да се почитуваат законите и да има правда за сите во земјава мора да има реформи во правосудството, на тој начин граѓаните ќе чувствуваат сигурност да ги остваруваат своите права, а судската администрација мора да подлежи врз директна критика од страна на граѓаните, а ова е од причина што судството мора да одговара во насока на заштита на граѓаните, а не да ги руинира.

-Преку директна онлајн платформа до независно судско тело, граѓаните да можат анонимно да посочат проблем со име и презиме на судија, јавен обвинител итн заради несовесно и незаконито постапување, а врз основа на оваа платформа да се креираат соодветни пријави по кои ќе се испитува основаноста, по што би имало индивидуална одговорност, а ако е причинета штета да ја надомести лично. Дисциплинските мерки не се доволни, доколку постои основ за кривична одговорност освен затворска и парична казна, како и надоместување на штета да се определи и казна за трајна забрана за вршење на дејноста, да се определи и забрана за издавање лиценци за нотарска, адвокатска, извршителска итн функција и забрана за вработување во установи, агенции и други јавни установи кои се буџетски корисници. Потоа да има разумна временска рамка која ќе се почитува од судиите, јавните обвинители и службениците за да почитуваат рокови за предметите за да не се дозволи предметите во Апелационите судови да стојат по неколку години, а тоа често се случува, заклучи адвокатката.

ЛДП од конфренецијата го започнува својот караван на идеи и иницијативи. Ќе ги посетат сите градови и села и директно ќе разговараат со граѓаните за и тие да дадат свои предлози и иницијативи кои ќе станат дел од нивната либерал-демократска Платформа.

Би можело да ве интересира

ЛДП со посебна благодарост за основачите во Битола

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ

Зајкова: Со конкретна стратегија до подобри резултати и повеќе влијание во локалната самоуправа