ЛДП: Дали меѓународниот автопат Е-75 Скопје-Солун е во сериозен проблем?

Од:

„Мостовите на „старата траса“, од автопатот Скопје – Солун, на Мрзенска и Кованска река се срушени и на нивно место треба да се изградат нови мостови, кои со сигурност нема да бидат готови до почетокот на летната сезона, што претставува сериозен проблем за домашниот и меѓународниот патен сообраќај. Истовремено единствената алтернатива на автопатот Скопје – Солун, регионалниот пат Р-103, делница Прдејци-Смоквица, е во катастрофална состојба и речиси неупотреблива за одвивање на сообраќај, ниту за локалните потреби, а сигурно не за одвивање на меѓународен сообраќај, за автомобили и тешки моторни возила.

ЛДП уште еднаш јавно ги потсетува директорот на Ј.П. за државни патишта, Александар Стојанов и градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов, дека уште на 16.10.2015 година упати барање итно да се разгледа состојбата со овој регионалниот пат и да се преземат конкретни активности за оспособување за сообраќај по истата .

Денес, со жалење можеме да констатираме дека главната и единствена сообраќајна артерија во општината е речиси неупотреблива, а проблемот ќе се усложнува со почетокот на летната сезона, кога овој проблем ќе добие уште поголеми димензии, во услови кога цел меѓународен сообраќај ќе треба да се одвива тука.

Оваа ли е грижата на власта за патната инфраструктура во земјата? За ЛДП, ова е само потврда за дилетантскиот и површен однос на ВМРО-ДПМНЕ кон вакви сериозни зафати и на овој начин, можеме само да ги припремиме граѓаните на хаосот кој допрва ги чека во следниот период“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Прифатен уште еден наш предлог, до15 септември таблички во различна боја за државните службени возила

Граѓаните победија: Банкарските такси паѓаат под притисок на ЛДП, но тука нема да запреме, продолжува борбата против неправедните провизии

А1он

Зајкова: Ако некој пратеник мисли дека банките му се поважни од народот, нека излезе и нека каже: „Гласав за банките, а не за народот”

Горан Наумовски

Груевски: НБРМ ја слушна ЛДП и ги намали трошоците на банките, на ред се банките да ги намалат трошоците кон граѓаните

Форумот на жени на ЛДП најостро го осудува нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска

ЛИБСЕЕН го поздравува усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент за Македонија и ја осудува дебатата за идентитетот

А1он